Dedicated since 2010
Listening to your heart
Home     New Patient    Make an appointment    Medical Services                                                                                                       in     t

The team is aiming to provide a wide range of patient’s personalized health care in the field of internal medicine and cardiology.

 

Seeing the medical issues from different aspects, we are privileged to dedicate our efforts to approach every factor of human health from prevention to treatment.

We are "Listening to your heart...."!

Искористете ја можноста и придружете се на големото и среќно семејство на COR MEDICO.

Почувствувајте ја безгрижноста во континуираната здреавствена грижа на

COR MEDICO

Целосна посветеност на Вас и Вашето здравје!

Достапни за Вас, секогаш и насекаде!

Програма +

Вашиот личен лекар, секогаш со Вас, секогаш за Вас!

Др. Ненад Златановиќ м-р.сци

Специјалист интернист - супспецијалист кардиолог


Дипломирал 1996 година на Медицински факултет во Скопје со просек 9.24. Специјалистички испит положил во 2003 година и се стекнал со називот специјалист-интернист. Супспецијалистички испит положил во 2009 со што го добил звањето супспецијалист-кардиолог. Го одбранил  магистерскиот труд на тема :  “Корелацијата на плазма концентрациите на хомоцистеинот со појавата и развојот на коронарната артериска болест”  во 2009 година.

Во 1998 година се обучил за програмирање на пејсмејкери во седиштето на Сулcер Медика во Брисел, Белгија.

Од август 2000 до јануари 2001 година, се обучувал за базична научна работа во лабораторијата за истражување липиди, во Вашингтон, САД,  при Ветеранската болница.


Во март 2003 година се обучил за  имплантација и програмирање на имплантибилни “loop” рекордери на Универзитетската болница во Ираклион, Крит, Грција под менторство на Проф. П. Е. Вардас.

Во Мај 2010 година се усовршувал во областа на кардиологијата во организација на ААФ-ОМИ, во Салцбург, Австрија.

 

Во Март 2015 го продолжил своето усовршување во кардиологијата и тоа во болницата Франц-Јозеф во Виена, Австрија, под менторство на Доц. Др. А. Швајгхофер д-р.сци.

Учесник е на повеќе домашни и меѓународни научни конгреси и симпозиуми.
Се јавува како автор и коавтор на повеќе од 40 научни трудови.

Од 1998 - 2010 година работи  на клиниката за кардиологија во Скопје, во Центарот за имплантација и техничка контрола на пејсмејкери и ICD. Активно учествува во целокупниот работен процес на клиниката, како во амбулантскиот така и во стационарниот дел.

Најмногу се занимава со проблематиката на аритмиите, нивната дијагностика и лекување, дијагнозата и лекувањето на коронарната артериска болест, како и превентивнaта и спортска кардиологија.

 

Поседува стручно знаење, искуство и вештини за изведување на ехокардиографија, коронарен стрес тест, Холтер-ЕКГ, Холтер- АБП, еходијагностика на внатрешни органи, тироидна жлезда, ехо доплер на периферни крвни садови, амбулантско водење и лекување пациенти.

 

Поседува стручно знаење, искуство и вештини  да ги изведува и процедурите на базична и напредна реанимација.

Како асистент на катедрата по интерна медицина, учествувал и во научно-наставниот процес на Медицинскиот Факултет.

Во  Март 2010 ја основа и работи во приватната ординација по интерна медицина со кардиологија КОР - МЕДИКО во Скопје.

© 2018 COR Medico, PZU. All Rights Reserved           

 

ул. ,,Народен Фронт“ 3 / 4 - 1,1000 Скопје, Македонија - (Наспроти ,,Зебра“)

 

Понеделник-Среда 12:00-20:00 / Вторник-Четврток-Петок / Сабота 09:00-13:00

 

cor_medico@yahoo.com   /   Телефон: 02 3216 380 / 075 422 159

 

Мед.Сестра

 

Анета Цветковска во 2002 година завршила средно медицинско училиште ДСМУ ДР.Панче Караѓозов во Скопје на отсекот медицинска сестра-техничар. Во 2007 година со успех го положила стручниот испит за медицинска сестра-техничар.

 

Дипломирала со висок просек во 2007 година на Филозофскиот факултет во Скопје на Инситутот по психологија.

 

Од 2010 година станува дел од медицинскиот персонал на ПЗУ КОР-МЕДИКО како медицинска сестра.

 

Има повеќегодишно искуство со работа на ЕКГ апарат, изведување на коронарен стрес, поставувавње и анализа на Холтер за мониторирање на срцевиот ритам и Холтер за крвен притисок. Исто така оспособена е и има секојдневно искуство  за интравенска, интрамускулна и субкутана апликација на терапија.

Стручен соработник

 

Стефан Ангеловски е сопственик и личен тренер во фитнес клуб Атлетикс Фитнес.

Првото запознавање со кревање тегови е од неговите 16 години и професионално работи од 2013 година кога го отвори првото студио во Карпош 2.

Како фитнес тренер има искуство од 2012 година, сертификат за бодибилдинг и фитнес во 2014 година и до денес ги има постигнато овие постигнувања: 

-Ослабнато преку 30 кг два пати

-Истрчан полумаратон во 2012

-Освоено прво место во категоријата јуниори тинс со Трајче Мицевски 

 

Лични рекорди:

- во бенч 130 кг

- мртво кревање 210 кг

- чучњеви 140 кг

 

Стефан Ангеловски редовно е организатор на семинари за правилна исхрана и вежбање и редовно објавува информативни видеа на неговиот YouTube канал Атлетикс Фитнес.