На секој наш нов пациент и иден пријател, препорачуваме да претходно ги пополни неопходно потребните формулари од комфорот на својот дом, наместо да го губи своето драгоцено време чекајќи и пополнувајќи во нашата ординација.
Ве молиме да пополнетиот формулар го испратите до нас и истовремено истиот го испечатите и донесете на закажаниот термин. Напоменуваме дека е од особена важност да со Вас понесете и копии од медицинската историја која ја имате и лабораториските наоди, како и листа на лекови кои во моментот ги примате.
Ја цениме Вашата љубезност и Ве замолуваме да не информитрате доколку не сте во можност да дојдете на закажаниот термин, барем 24 часа претходно.
COR-MEDICO го задржува правото да го презакаже договорениот термин доколку докторот мора да биде неодложно отсутен. Се разбира за истото ќе бидете навремено информирани.
Со почит
Тимот на COR-MEDICO
Целосна посветеност на Вас и Вашето здравје!
Достапни за Вас, секогаш и насекаде!
Програма +
Вашиот личен лекар, секогаш со Вас, секогаш за Вас!
ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ
Персоналот на COR-MEDICO Ви посакува добредојде и ја изразува својата надеж за воспоставување на здрава и успешна соработка