ПОСВЕТЕНОСТ ОД 2010 ГОДИНА
НИЕ ГО СЛУШАМЕ ВАШЕТО СРЦЕ
ПОЧЕТНА     НОВ ПАЦИЕНТ     ЗАКАЖИ ПРЕГЛЕД     УСЛУГИ                                                                                                                   f     in     t

Наша основна определба во Cor-Medico е да обезбедиме содржински сеопфатна интернистичко-кардиолошка грижа за секој наш пациент пооделно.

Постоењето на различни аспекти на третирање на Вашето срце, овозможуваат да наше секојдневие биде целосната посветеност на сите фактори поединечно - од превенција, преку дијагноза, па се до лекување.

Ние го слушаме Вашето срце!

Искористете ја можноста и придружете се на големото и среќно семејство на COR MEDICO.

Почувствувајте ја безгрижноста во континуираната здреавствена грижа на

COR MEDICO

Целосна посветеност на Вас и Вашето здравје!

Достапни за Вас, секогаш и насекаде!

Програма +

Вашиот личен лекар, секогаш со Вас, секогаш за Вас!

Др. Ненад Златановиќ м-р.сци

Специјалист интернист - супспецијалист кардиолог


Дипломирал 1996 година на Медицински факултет во Скопје со просек 9.24. Специјалистички испит положил во 2003 година и се стекнал со називот специјалист-интернист. Супспецијалистички испит положил во 2009 со што го добил звањето супспецијалист-кардиолог. Го одбранил  магистерскиот труд на тема :  “Корелацијата на плазма концентрациите на хомоцистеинот со појавата и развојот на коронарната артериска болест”  во 2009 година.

Во 1998 година се обучил за програмирање на пејсмејкери во седиштето на Сулcер Медика во Брисел, Белгија.

Од август 2000 до јануари 2001 година, се обучувал за базична научна работа во лабораторијата за истражување липиди, во Вашингтон, САД,  при Ветеранската болница.


Во март 2003 година се обучил за  имплантација и програмирање на имплантибилни “loop” рекордери на Универзитетската болница во Ираклион, Крит, Грција под менторство на Проф. П. Е. Вардас.

Во Мај 2010 година се усовршувал во областа на кардиологијата во организација на ААФ-ОМИ, во Салцбург, Австрија.

 

Во Март 2015 го продолжил своето усовршување во кардиологијата и тоа во болницата Франц-Јозеф во Виена, Австрија, под менторство на Доц. Др. А. Швајгхофер д-р.сци.

Учесник е на повеќе домашни и меѓународни научни конгреси и симпозиуми.
Се јавува како автор и коавтор на повеќе од 40 научни трудови.

Од 1998 - 2010 година работи  на клиниката за кардиологија во Скопје, во Центарот за имплантација и техничка контрола на пејсмејкери и ICD. Активно учествува во целокупниот работен процес на клиниката, како во амбулантскиот така и во стационарниот дел.

Најмногу се занимава со проблематиката на аритмиите, нивната дијагностика и лекување, дијагнозата и лекувањето на коронарната артериска болест, како и превентивнaта и спортска кардиологија.

 

Поседува стручно знаење, искуство и вештини за изведување на ехокардиографија, коронарен стрес тест, Холтер-ЕКГ, Холтер- АБП, еходијагностика на внатрешни органи, тироидна жлезда, ехо доплер на периферни крвни садови, амбулантско водење и лекување пациенти.

 

Поседува стручно знаење, искуство и вештини  да ги изведува и процедурите на базична и напредна реанимација.

Како асистент на катедрата по интерна медицина, учествувал и во научно-наставниот процес на Медицинскиот Факултет.

Во  Март 2010 ја основа и работи во приватната ординација по интерна медицина со кардиологија КОР - МЕДИКО во Скопје.

© 2018 COR Medico, PZU. All Rights Reserved           

 

ул. ,,Народен Фронт“ 3 / 4 - 1,1000 Скопје, Македонија - (Наспроти ,,Зебра“)

 

Понеделник-Четврток 8:00-20:00 / Петок 8:00-16:00 / Сабота 09:00-13:00

 

cor_medico@yahoo.com   /   Телефон: 02 3216 380 / 070 582 067

 

Мед.Сестра

 

Анета Цветковска во 2002 година завршила средно медицинско училиште ДСМУ ДР.Панче Караѓозов во Скопје на отсекот медицинска сестра-техничар. Во 2007 година со успех го положила стручниот испит за медицинска сестра-техничар.

 

Дипломирала со висок просек во 2007 година на Филозофскиот факултет во Скопје на Инситутот по психологија.

 

Од 2010 година станува дел од медицинскиот персонал на ПЗУ КОР-МЕДИКО како медицинска сестра.

 

Има повеќегодишно искуство со работа на ЕКГ апарат, изведување на коронарен стрес, поставувавње и анализа на Холтер за мониторирање на срцевиот ритам и Холтер за крвен притисок. Исто така оспособена е и има секојдневно искуство  за интравенска, интрамускулна и субкутана апликација на терапија.

Стручен соработник

Др. Гоце Тошески

 

 

Образование

  • 2016 – Специјализант по кардиологија на универзитет Гоце Делчев - Штип
  • 2004-2013 – Медицински факултет - Скопје, општа медицина, доктор со лиценца за работа од 04 Октомври 2013;
  • 2000-2004 – ДСМУ „Д-р Панче Караѓозов“ – Скопје;
  • 1992-2000 – ОУ „Страшо Пинџур“ – Скопје;  

 

Работно искуство

 

  • Самостојно изведување трансторакална екокардиографија, кардиоваскуларни прегледи, васкуларен ултразвук, транскраниален доплер, електрокардиографија, коронарен стрес тест.
  • Асистирање при инвазивни кардиолошки интервенции (коронарографија, интервенции на коронарни артерии и интервенции на вродени срцеви мани) во дијагностичкиот центар при СБХБ Жан Митрев 2014-2016год.
  • Асистирање и техничка контрола при имплантација на електростимулатор (пејсмејкер) во дијагностичкиот центар при Жан Митрев клиника 2015-2018 год.
  • Активно учество во прием на итни пациенти и пациенти во процес на тријажа во дијагностичкиот центар при СБХБ Жан Митрев 2014-2017год.